Полека, но сигурно се приближуваме до крајот на 2021 година, што значи дека гласините се фокусираат на голем број нови уреди кои ќе пристигнат на почетокот на 2022 година. Како и обично, Samsung сака да почне со претставување нови уреди кон крајот на јануари / почетокот на февруари со својата најнова Galaxy S серија телефони и бидејќи слушнавме дека Galaxy S22 линијата е веќе во масовно производство, чекавме да се појават вистински фотографии од телефонот.
Се чини дека најновите рендери од минатиот месец беа во исправни, бидејќи уредот има заоблен екран однапред со заоблени агли и дизајн на камерите на задната страна, како што наведуваа информациите од октомври. Задната страна има мат финиш, но останува да се види дали тоа ќе биде случај и со малопродажните примероци. Потврдена е уште една протечена функција, а се работи за вградениит S Pen, за разлика од годинешниот S21 Ultra модел, што го прави Galaxy S22 Ultra вистински наследник на Galaxy Note уредот.
Единствените нови спецификации што ги имаме се однесуваат на камерите, кои ги имаат целосно истите спецификации како минатогодишниот S21 Ultra. Главна камера од 108 мегапиксели, ултра широк објектив од 12 мегапиксели со телефото модули од 10 мегапиксели 3x и телефото од 10 мегапиксели. Повеќе фотографии погледнете на сајтот Front page tech.
Поврзани артикли