Виртуелната, проширена или како што некои ја викаат мешана реалност (МР) е „дистописка“ идеја која ќе има далеку повеќе негативни последици одошто мислиме, а тој што го контролира метаверзумот ќе ги контролира животите на луѓето, сметаат многу независни експерти. Ако мислите дека метаверзумот на Закерберг звучи директно како од собата на писателите на серијата „Black Mirror“, не сте сами, пишува ИФЛ Наука.

Еден од гласните експерти кои е против метаверзумот е д-р Дејвид Рид, професор по вештачка интелигенција на Универзитетот Хоуп во Ливерпул. Иако д-р Рид верува дека метаверзумот може да донесе некои возбудливи можности за човештвото, ризикуваме да ги продлабочиме постоечките проблеми со социјалните медиуми и интернетот, како што се загриженоста за приватноста на податоците, но и сајбер-малтретирањето и врсничкото насилство.

– Метаверзумот има огромни импликации. Тој доаѓа со фантастични предности и застрашувачки опасности. И, ни треба многу робустен систем кој ќе го контролира овој метаверзум – вели тој.

Метаверзумот ќе биде алатка на политичарите, но и на малтретирачите

– Луѓето се загрижени за влијанието што Твитер може да го има врз политиката во моментов – додава Рид. Но, во новот извонредно опкружување (на МР), колку повеќе влијание сакате и можете да имате врз некого, штом можете да пренесете некого во воена зона и да му покажете што точно се случува? – прашува д-р Рид и продолжува:

– Исто така, колку поопасни може да станат социјалните мрежи поради онлајн малтретирањето во метаверзумот? Би рекол дека метаверзумот има потенцијал да биде далеку, далеку поекстремен. Инстинктивното искуство на вклученост во вирутелниот свет може биде исклучително емотивно – објаснува тој.

Нема да има граница меѓу реалноста и виртуелното

Уште позагрижувачки е што, според него, овој технолошки развој ќе ги замагли границите помеѓу виртуелното и реалноста. Кој и да стане господар на оваа реалност, ќе има пристап до невиден број на податоци – и преголема количина на моќ.

– Пазарот за тоа е огромен. Кој и да го контролира, во основа ќе има контрола над целата ваша реалност – продолжува д-р Рид.

Метаверзумот ќе ги снима вашите мисли и мозочни бранови
– Многу актуелни прототипи на МР системи имаат технологија за следење на лицето, очите, телото и рацете. Повеќето имаат софистицирани камери. Некои дури и ја вклучуваат и технологијата на електроенцефалограм (ЕЕГ) со цел да ги соберат шемите на мозочните бранови. Со други зборови, сè што кажувате, допирате, гледате или дури тоа што го размислувате, може да се следи во МР. Податоците што ќе произлезат од ова ќе бидат огромни и исклучително вредни – нагласи тој.

– И затоа ни треба систем за да го контролираме. Ниту една компанија никогаш не треба да врши контрола – едноставно е премногу важно тоа да се случи – предупредува тој.