Apple врати дел од продажбите на MacBook минатиот квартал благодарение на попустите на MacBook Air, според истражувачката компанија Strategy Analytics. Компанијата продаде рекордни 6,5 милиони MacBook лаптопи во третиот квартал од 2021 година, што е за 10 отсто повеќе од минатата година – што без сомнение придонесе за одличниот квартал на Mac. Во меѓувреме, продажбата на Chromebook уредите падна за прв пат од почетокот на пандемијата, објави IDC.
Продажбата на лаптопи генерално се зголеми за осум проценти во споредба со минатата година на 66,8 милиони примероци, главно поради комерцијална продажба и купување во образовни цели (поради пандемијата). Ова делумно се должи на „поголемите попусти на премиум производите како што се MacBook Air и гејминг лаптопите“, наведува Strategy Analytics.
Продажбата можеше да биде уште поголема да не беше недостатокот на компоненти и повисоките транспортни трошоци кои ги зголемија цените и предизвикаа одредени доцнења. Lenovo се најде на врвот на листата на продажба четврти квартал по ред со испорачани 15,3 милиони примероци, а првите пет места ги заокружуваат HP, Dell, Apple и ASUS.