Многу аналитичари очекуваат производите на Apple да бидат лансирани следната година со нов 3 nm чипсет, но според неодамнешниот извештај, тоа можеби нема да се случи. TSMC, кој е производител на интерните чипови на Apple, се соочува со некои производствени пречки кои се закануваат да го одложат проектот.
Според инженерите кои се запознаени со ова прашање, новите 3nm чипови нема да бидат достапни навреме за iPhone 14 серијата, како што пренесува The Information. Сепак, се очекува TSMC да започне со производство на чипови од 3 nm пред своите конкуренти.
Ако следната година не добиеме нов производствен процес за Bionic чипови, тоа веројатно ќе значи маргинални придобивки, бидејќи Apple нема да има корист од нивната подобрена енергетска ефикасност.