Во текот на својот лет, пилотот полета и слета на хаубата на џип и на покривот од кабината на камион.
На британските функционери вчера им беше демонстрирана можноста што ја нуди футуристичкиот млазен костим кој може да им овозможи на војниците да летаат над воени подрачја со брзина од околу 130 км/ч.
Ричард Браунинг, таканаречениот „вистински Ајрон мен“, основач на фирмата Gravity Industries, на воената конференција одржана на меѓународниот аеродром Фарнборо, ги покажа можностите на костимот пред воениот врв.
Својата лична летечка машина, за која неговата компанија истакнува дека е прва од тој вид во светот, се движи со помош на млазни турбини, а летачот може да го подигне на максимално 3.650 метри.
Според портпаролот на британската војска, демонстрацијата на летачкиот костим требало да го покаже потенцијалот за употреба од страна на британските војници.
На восхитувачки начин се покажани иницијативата и технолошкиот напредок, порача портпаролот.
Браунинг го почна летот со полетување од поклопец на мотор на едно од воените возила, до покривот на еден воен камион, а во текот на демонстрацијата слета и во ложата во која се наоѓаа високите воени функционери, а многумина се фотографираа и снимаа видео.
Сепак, ова не е прв пат Браунинг да го користи својот костим за да ги импресионира припадниците на британските воени сили. Порано оваа година го демонстрира потенцијалот на летечкиот костим пред одделот на море, во рамки на вежбата за упад на брод.
Извор: B92.net
Поврзани артикли