Јужнокорејската компанија го стартуваше масовното производство на компоненти за Galaxy S22 серијата.
Според извештаите се споменува дека Samsung сега произведува компоненти за Galaxy S22 и Galaxy S22+ модели за сите пазари. Производството на S22 Ultra моделот ќе биде фокусирано за пазарот на Америка, пишува GSMArena.
И покрај тоа што ИТ индустријата се соочува со недостаток на чипови и други компоненти, планот е Galaxy S22 серијата да биде објавена кој крајот на јануари наредната година.
Останува да видиме дали ќе го претстават овој смартфон, со оглед на тоа дека го сменија датумот на претставувањето. Најверојатно ќе биде претставен во првото тримесечје на 2022 година.