Тимот успеал да ја зголеми моќноста од 6,6 kW на 120 kW, а целта е на крајот да достигне ниво на моќност од 300 kW

Центарот за иновации на американската дивизија на групацијата Volkswagen во Ноксвил и нивниот тим технолози за применета наука за материјали ја прошириле својата истражувачка соработка со најголемата американска национална лабораторија за технологија и енергија Oak Ridge National Laboratory (ORNL) и Универзитетот Тенеси (Ноксвил) за работа на идни технологии.

Заедно, трите партнери имаат за цел „да истражат како да ги интегрираат откритијата во науката за материјали и концептите за рециклирање за поддршка на електричната мобилност и одржливиот транспорт“. Нивниот прв проект е тестирање подобар начин за безжично полнење на електричните автомобили.

Партнерите планираат работат на концептот за безжично високо-моќно полнење на Националната лабораторија ORLN со Porsche Taycan. Целта е да се постигне напредок во дизајнот на безжичното полнење кој се фокусира на електромагнетни бранови за да се елиминираат пречките.

Раните тестови се ветувачки, а прототипот на системот веќе покажал до 98 проценти ефикасност. Тоа значи дека речиси целата енергија што го напушта полначот доаѓа до возилото. Тимот успеал да ја зголеми моќноста од 6,6 kW на 120 kW, а крајната цел е да се достигне ниво на моќност од 300 kW, што ќе му овозможи на Taycan да се наполни до 80 проценти за само 10 минути.

„Возбудени сме што работиме со Volkswagen за да ја демонстрираме моќната, ултра ефикасна технологија за безжично полнење на ORNL“, вели Ксин Сун, помошник-директор на лабораторијата за енергетската наука и технологија.

„Нашиот уникатен полифазен дизајн на електромагнетен навој и енергетска електроника обезбедуваат високи нивоа на пренос на енергија во компактен систем, со потенцијал да се ублажат проблемите со досегот на електричните возила и да се забрза декарбонизацијата на транспортниот сектор во САД“.

Сепак, истражувањето ќе се прошири подалеку од тоа на области како што се напредни функционални материјали. Тоа вклучува композитни делови од каросеријата на автомобилот, материјали за внатрешен дизајн на база на растенија и нови концепти за рециклирање материјали кои се сметаа за нерециклирани во минатото, како што се композитите засилени со влакна.