Зимското сметање на времето почна на 31 октомври кога стрелките на часовникот се вратија еден час назад, односно од 3 часот на 2 часот. А, како таа промена влијае на нашето здравје?
Откако ќе се вратат стрелките на часовниот еден час назад, ќе спиеме еден час подолго, но најверојатно потоа ќе нè мачи депресија, ќе бидеме хронично ненаспани, а можни се и кардиоваскуларни проблеми – барем така тврдат експертите. Затоа секоја година се надеваме дека таквата промена ќе се укине.
Пред повеќе од 200 години некој се сетил да создаде привид на подолг ден во текот на зимата, т.е. со помош на поместувањето на стрелките на часовникот, што подобро да ја искористи дневната светлина во текот на зимските месеци. Така во втората деценија од 20-от век заживеала идејата наесен стрелките на часовникот да се поместат еден час назад, па така да се направи нешто „корисно“ за луѓето.
По повеќедецениска пауза, овој принцип повторно почнал да функционира во 70-те години на минатиот век. Меѓутоа, со текот на времето се покажало дека и не е толку оправдан поради тоа што во тие месеци, од ноември до март се користат повеќе клима уреди, па поголема е потрошувачката на струја, има повеќе сообраќајни несреќи и здравствени проблеми.
Медицински истражувања покажале дека поради зимското сметање на времето сме хронично ненаспани, анксиозни, незадоволни, раздразливи, дека луѓето имаат повеќе кардиоваскуларни проблеми, како и компликации при изведување на операции на срцето, а децата имаат проблем со концентрација во училиштата.
Поврзани артикли