Според порталот MacRumors, iMac Pro компјутерот ќе ги има истите M1 Pro и M1 Max чипови, кои Apple ги претстави со новите MacBook Pro лаптопи, а можеби ќе бидат и „дополнително конфигурирани“.
Познатиот дојавувач @dylandkt на Twitter објави дека all-in-one десктоп компјутерот ќе ја користи ознаката Pro за да се разликува од 24-инчниот iMac, што беше објавен претходно оваа година. Бидејќи ќе користи M1 Pro и Max чипови, Apple го смета за Pro уред и внатрешно го нарекува iMac Pro.
Според изворите, iMac ќе има 27-инчен Mini-LED екран со ProMotion технологија од 120Hz, иако некои претходни гласини сугерираа дека следната генерација на iMac ќе има поголем екран. За разлика од 24-инчниот iMac, iMac Pro ќе има темни рамки, а големината на рамките ќе биде намалена во однос на актуелниот 27-инчен iMac.
Во однос на дизајнот, Pro моделот може да изгледа слично на 24-инчниот iMac и Pro Display XDR мониторот, а Apple го тестираше и Face ID за оваа машина, но ова сè уште не е потврдена карактеристика.
iMac (Pro)
Promotion and Mini Led
Base model 16gb Ram 512gb Storage
M1 Pro and Max
Dark bezels
HDMI, SD Card, Usb C
Similar design to iMac 24 and Pro Display XDR
Starting price at or over 2000 dollars
Ethernet on brick standard
Face ID was tested (Not confirmed)
1H 2022— Dylan (@dylandkt) October 30, 2021
Основниот модел на iMac ќе има 16 GB меморија и 512 GB простор за складирање, а сите модели ќе бидат опремени со HDMI порт, слот за SD картичка и неколку USB-C / Thunderbolt портови, слично како кај MacBook Pro. Исто така, се наведува дека Apple ќе вклучи и Ethernet порт на адаптерот за напојување.
Според изворите, iMac ќе има почетна цена од 2.000 долари или повеќе, а ќе биде лансиран во првата половина на 2022 година. Претстојниот iMac Pro ќе го замени сегашниот 27-инчен iMac модел базиран на Intel процесори..
Во меѓувреме, не сме слушнале многу за поголемиот iMac на Apple, но изворите потврдија дека машината исто така е во изградба. Apple наводно ја прекина работата на поголемиот iMac за да работи на 24-инчниот модел, но сега кога излезе 24-инчниот iMac, развојот може да продолжи.