Утре (28.10.2021 година) ќе се одржи 7 FMCG SUMMIT SKOPJE 2021, најголемиот трговски настан во годината, што ги обединува професионалците од трговијата, дистрибуцијата, логистиката и сите други придружни дејности во индустријата за стоки за широка потрошувачка. Организатори се магазинот InStore и агенцијата „Кликер маркетинг“.
Самитот почнува во 9 часот. Ќе се одржи онлајн, регистрацијата е бесплатна, на линкот http://fmcg-summit.mk/#service.
Конференцијата може да ја следите БЕСПЛАТНО на линкот https://www.youtube.com/watch?v=CxgPYacP7rY
Ексклузивен говорнике Жан-Жак Ванденхид (Jean Jacques Vandenheede), футуролог и експерт за трендови во малопродажбата, со претходно долгогодишно искуство како виш аналитичар во „Нилсен“.
Говорници се:
– Реј Гал (Ray Gaul), ко-основач и извршен директор во Retail Cities;
– Александра Мартиновска Стојческа, професор и раководител на Институтот за агроекономика на Факултетот за земјоделски науки и храна – Скопје (УКИМ);
– Душан Рангелов, директор за развој на бизнис, основач на „Sales & Business Consulting“ во Србија;
– Илина Бакев, директорка на компанијата „Мамас“ (Mama’s) во Австрија
–Петар Бошкоски, менаџер за комерцијални операции во „Филип Морис ТКП ДОО Скопје“;
– Борис Вукиќ, партнер и еден од основачите на „ Adizes Southeast Europe “ (ASEE);
Во рамки на Самитот ќе има и ексклузивно интервју со Драган Стајковиќ, генерален директор на компанијата „Бамби“, како и онлајн дискусија „Професионален менаџмент или традиционално семејно раководење? Или-или за семејните бизниси“ на која модератор е Борис Вукиќ, а учесници се: Перица Вичишки, генерален директор на „Атлантик група“, Јанинка Чупаркоска, генерална директорка на „Кожувчанка“ и Дејан Ваневски од „Tривити“.
Повеќе за Самитот можете да видите тука http://fmcg-summit.mk/.