Наградената мобилна апликација беше продуцирана во соработка со компанијата Ворхол од Скопје

Публицис Скопје е добитник на 3 награди на „SoMo Borac” реномираниот регионален фестивал за дигитални кампањи. Кампањата за Кока Кола „Discovered by Coke” која беше реализирана во Србија, е победник во категоријата „SoMo App”, а беше наградена и во уште две други категории – Digital Mix и SoМo Tech.

Discovered by Coke app е првата Кока Кола мобилна апликација во Србија која вклучува Augmented Reality (AR experience). Кока Кола лименките специјално дизајнирани за оваа кампања, со AR видеа од 4 музички ѕвезди – ментори, ги поврзуваа младите таленти со менторите и беа можност за пријавување на учество во првото целосно дигитално музичко талент шоу.

Наградената мобилна апликација беше продуцирана во соработка со компанијата Ворхол од Скопје.

„SoMo Borac” ги оценува регионалните дигитални проекти според нивната оригиналност и креативност, според квалитетот на имплементацијата, како и според крајните резултати. Во жири комисијата членуваат дигитални експерти од најголемите дигитални агенции од Хрватска, Србија, Македонија, Словенија, Црна Гора и Босна и Херцеговина.