Во текстот објавен на својот блог, Microsoft наведува дека во последниот бран напади, Nobelium биле насочени кон продавачите и давателите на клауд услугите. Нападите се случија како дел од поширока кампања ова лето, соопшти Microsoft, додавајќи дека во периодот од 1 јули до 19 октомври информирале 609 корисници дека биле нападнати.

Само мал процент од неодамнешните напади биле успешни, изјави Microsoft за Њујорк тајмс, кој беше првиот што напиша за нападите.

Американските власти потврдиле за Њујорк Тајмс дека е во тек хакерска операција, а неименуван висок функционер на администрацијата ја нарекол несофистицирана и необична и тврди дека може да се спречи доколку давателите на клауд услуги имплементирале основни практики за сајбер безбедност.

„Оваа неодамнешна активност е уште еден показател дека Русија се обидува да добие долгорочен, систематски пристап до различни точки во синџирот на снабдување со технологија и да воспостави механизам за следење, сега или во иднина, работи што се важни за руската влада“, соопшти Microsoft.