Поголем дел од починатите вакцинирани луѓе на Ковид-19 биле со срцеви проблеми, деменција и канцер, покажала новата италијанска студија.
Мала е веројатноста дека личноста вакцинирана против Ковид-19 ќе почине од таа болест, освен доколку истата не е многу стара или пак веќе тешко болна од друга болест пред инфекцијата, покажуваат резултатите од студијата спроведена во Италија.
Студијата на Националниот здравствен институт (ISS) во состав со редовните извештаи на ISS за починати од Ковид-19, покажува дека просечната старосна граница кај оние кои починале од Ковид-19, а кои биле вакцинирани била 75 години. Во просек истите имале веќе пет постоечки болести.
Анализата спроведена од 1 февруари до 5 ноември годинава, проучувала медицинска документација од 671 невакцинирани луѓе кои починале како последица на Ковид-19 и 171 целосно вакцинирани луѓе кои починале од Ковид-19.
Во споменатиот период во Италија имало 38.096 жртви на Ковид-19.
Меѓу нив 33.620 биле невакцинирани, 2.130 од починатите биле вакцинирани само со една доза или пак се заразиле при создавањето на антитела, а 1.440 биле целосно вакцинирани.
Италија во октомври ја оствари целта за целосно вакцинирање на 80 отсто од жителите постари од 12 години, прагот кој владата го назначила како значајна стапка на безбедност од вирусот.
И покрај постигнувањето на целта, тамошната влада воведе задолжителни пропусници за здравствена заштита од вирусот за сите работници од 15 октомври.
Поврзани артикли