Компанијата Vivo претстави два нови телефони од средниот сегмент – Vivo T1 и Vivo T1x. Моделите ги красат 6nm чипови, батерии со голем капацитет и поддршка за брзо полнење.
Vivo T1 користи Snapdragon 778G чипсет и има 5000mAh батерија. Дисплејот од 6,67-инчи е LCD, со punch-hole отвор за селфи камерата и има 120 Hz освежување. На задната страна се наоѓаат 64MP главна камера, 8MP ултраширок и 2MP макро сензор.
Vivo T1x пристигнува со Dimensity 900 чип, а на задната страна има две камери: 64MP главна и 2MP макро. Предниот панел е 6,58-инчен LCD, со 120Hz освежување и 8MP селфи камера сместена во засек. Уредот го напојува батерија од 5000mAh, со поддршка за 44W брзо полнење, која телефонот од 0-70 проценти го полни за 38 минути.
Двата смартфона ја користат Dynamic RAM функцијата, која привремено алоцира некои фајлови на складирањето за да се овозможат побрзи перформанси, а телефоните во теорија можат да достигнат до 12GB RAM.
Vivo T1 ќе биде достапен во комбинации од 8/128 GB, 8/256 GB и 12/256 GB за меморија и простор за складирање, како и во црна и сина боја. Vivo T1x пристигнува во 6/128 GB, 8/128 GB i 8/256 GB варијанти. Телефониет се достапни на пазарот во Кина, а не е спомената глобалната достапност.
Поврзани артикли