Покрај новите паметни телефони, Realme го претстави и својот паметен часовник наречен Realme Watch T1. Часовникот доаѓа со некои функции што не се достапни на претходно објавените Realme часовници за глобалните пазари.
Ова ја вклучува опцијата за гласовни повици преку Bluetooth 5.0, NFC за плаќање и 4GB простор за складирање што овозможува складирање до 500 песни на час, за слушање музика без потреба од телефон.
Останатите функции на часовникот се генерално стандардни. Постои опција за следење на спиењето, следење на активностите со поддршка за 110 спортски режими, следење на отчукувањата на срцето, нивото на стрес и нивото на кислород во крвта.
Часовникот T1 има 1,3-инчен AMOLED екран во боја (416x416p), со Gorilla Glass заштита и поддршка за прилагодени позадини за Аlways-on дисплејот. Има и вградена GPS поддршка за GLONASS, Galileo и Beidou.
Realme Watch T1 има рамка од нерѓосувачки челик, додека ремените се креирани од кожа или силикон. Часовникот е водоотпорен на длабочина до 50 метри, додека батеријата од 228mAh може да издржи до седум дена. Има и поддршка за брзо полнење, а полначот во пакувањето може да ја наполни батеријата до врв за 35 минути
Часовникот пристигнува во црна, зелена и black mint боја, со цена од околу 110 долари, а ќе се најде во продажба од 1. ноември.