Слушнете како звучи истражувањето на Црвената планета
Двата микрофона на роверот на NASA додадоа нова димензија на начинот на кој научниците и инженерите ја истражуваат планетата Марс. Еден микрофон се наоѓа на страна, на шасијата на роверот, а другиот на јарболот и служи како додаток на истражувањето на карпите.
Благодарение на микрофоните на роверот Perseverance, снимени се скоро пет часа материјал на кој има звуци од дување ветер на Марс, тркалата на роверот како крцкаат по површината и моторите што се вртат додека роверот ја движи роботската рака. Овие звуци им овозможуваат на научниците и инженерите да го искусат Марс на нови начини, но сите останати се поканети да слушнат.
Звукот од Црвената планрета е многу поразличен од оној на Земјата. Не само поради различната атмосфера, поради која звукот таму и полесно и побрзо патува, туку и поради тоа што нема жив свет кој призведува звуци, ниту пак техлоногија која вреви.
„Како да навистина стоите таму“, вели Баптист Шид, научник кој ги проучува снимените звучни податоци во Истражувачкиот институт за астрофизика и планетологија во Франција. „Звуците на Марс имаат силни бас вибрации, така што кога ќе ставите слушалки, навистина можете да го почувствувате тоа. Мислам дека микрофоните ќе станат многу важни за идните истражувања на Марс и Сончевиот Систем“.
Извор: National Geographic.rs