Samsung, заедно со голем број други производители на телефони, се соочува со недостаток на залихи на чипови. Ова веќе предизвика гласини за одложување на Galaxy S21 FE моделот, кој сега наводно е преместен за јануари, како и некои Galaxy S22 модели.
Galaxy Tab S8 Ultra, исто така, може да се соочи со проблеми. Овој голем таблет, кој може да замени лаптоп, треба да има 14,6-инчен OLED дисплеј со брзина на освежување од 120Hz. Токму овој дисплеј може да биде проблем за таблет уредот, бидејќи според извештаите од Јужна Кореја, во моментов има мали залихи на овој екран, а има и непропорционално високи трошоци за производство.
Со други зборови, доколку Samsung произведе премногу од овие дисплеи, тоа ќе резултира со поголема загуба отколку заработка за компанијата. Поради тоа, Samsung се одлучил за ограничено производство на таблетот. Исто така, се посочува дека јужнокорејската компанија ќе го прекине производството кога ќе бидат исцрпени првичните ограничени залихи на таблет уредот.
Се очекува и Galaxy Tab S8 Ultra со 12GB RAM и батерија од 12.000mAh, а ќе го покренува Exynos 2200 со AMD rDNA графика. Galaxy Tab S8 серијата таблети требаше да биде објавена оваа година, но може да биде одложи за февруари, заедно со Galaxy S22 телефоните.
Поврзани артикли