Продажбата на iPhone 13 забележа одлични резултати за време на празничната сезона.

Во септември минатата година, Apple ја претстави линијата iPhone 13, која се состои од моделите iPhone 13, iPhone 13 mini, iPhone 13 Pro и iPhone 13 Pro Max.

Од нивното објавување, телефоните се продаваат многу добро ширум светот. Поточно, според истражувањето, компанијата од Купертино продала десетици милиони телефони за време на празничната сезона.

Даниел Ајвс, аналитичар во Ведбуш, тврди дека Apple продал повеќе од 40 милиони модели на iPhone 13 за време на празничната сезона во 2021 година.

Во истиот извештај се предвидуваше дека Apple ќе достигне пазарна вредност од три трилиони долари, што беше објавено вчера.

Аналитичарите веруваат дека продажбата на iPhone 13 ќе продолжи да расте во текот на 2022 година. Причина за тоа е недостигот, кој го погоди Apple како и други компании, а се очекува состојбата да се подобри во текот на втората половина од оваа година.

Извор: B92.net