Со помош на ваквите очила маркетиншките стручњаци ќе можат подобро да го оценат вкусот на купувачите.
Руските научници измислија очила со кои може да се надгледува погледот на сопственикот. Податоците од овој уред може да се користат во маркетинг истражувањата во продавниците, пишува службата за односи со јавноста на Пермскиот национален истражувачки политехнички универзитет (ПНИПУ).
Системот, кој се состои од програма и очила опремени со камери, овозможува да се фиксираат движењата на човечкото око и споредуваат со сликите од околината. Со помош на таквата опрема маркентишките стручњаци ќе можат да го проучуваат однесувањето на фокусните групи во продавниците со цел подобро да разберат на што прво обрнуваат внимание посетителите и кај кои рафтови се задржуваат. Тоа ќе им овозможи на трговците поефикасно да ја разместуваат стоката во продавницата.
Со проценувањето на однесувањето на неколку потрошувачи одеднаш се намалува времето потребно за такви истражувања, сметаат експертите.
Според проектантите, производот ќе биде интересен за воведување на пазарот В2В, но технологијата може да се прилагоди и за решавање на други задачи. На пример, со помош на очилата, корисниците ќе можат да управуваат со компјутерот без глувче, наведува прес-службата на ПНИПУ.
Извор: Russia Beyond
Поврзани артикли