Huawei го има во подготовка Enjoy 20e, достапен телефон кој ќе го замени Enjoy 10e. Според информациите од постерот кој го најавува уредот, Huawei Enjoy 20e ќе има 6,3-инчен дисплеј, со HD резолуција и засек за селфи камерата.

Спомената е достапност од 128GB простор за складирање, а уредот ќе го напојува батерија од 5000mAh. Смартфонот ќе биде достапен во две бои: виолетова и зелена.

Huawei Enjoy 20e ќе биде достапен уред, најверојатно со MediaTek чипсет. Дополнителните спецификации и цената на смартфонот не се познати, а би можел да биде претставен во текот на Singles’ Day празникот во Кина (11. ноември).