Руските актерка и режисер кои поминаа 12 дена на Меѓународната вселенска станица (ISS) за да го снимат првиот филм во вселената, утрово се вратија на Земјата.
Вселенското летало „Сојуз МС-18“ со Јулија Пересилд, Клим Чипенко и космонаутот Олег Новицки слета во Казакхстан точно во предвиденото време, 4,36 часот наутро.
Возвращение на Землю киноэкипажа в составе космонавта @novitskiy_iss, актрисы Юлии Пересильд и режиссера Клима Шипенко ???
? Давайте вспомним основные моменты первой половины сегодняшнего дня: закрытие люков, расстыковка, посадка и первая встреча с Землей! pic.twitter.com/GXbBzmHv0W
— РОСКОСМОС (@roscosmos) October 17, 2021
Руската вселенска агенција Роскосмос објави на Твитер дека спуштањето е успешно и дека тимот се чувствува добро.
Космонаутот и филмското дуо го снимаа првиот филм во вселената. Филмот е со привремен наслов „Предизвик“ и прикажува хирург (ЈулијаПересилд) кој патува на ISS за да спаси живот на еден астронаут.
Поврзани артикли