Луѓето кои закрепнале од Ковид-19 инфекцијата имаат одредена заштита од вирусот. Но, моќта и трајноста на имунитетот зависат од староста, здравствената состојба и тежината на самата инфекција.
Вакцината би им го зголемила нивниот имунитет, давајќи им долготрајна заштита од вирусот.
Новинарка која се занимава со здравјето и науката, Апрува Мандавили, открила дека сè што е поврзано со вирусот е многу комплицирано, пренесува „The Times“.
„За разлика од вакцината која изгледа дека произведува прилично јак имунолошки одговор кај речиси сите, имунолошкиот систем по природната инфекција е променлив“, изјавила Мандавили.
„Колку е јак и издржлив вашиот имунитет, очигледно зависи и од тоа колку инфекцијата била сериозна“, додала таа.
Меѓутоа, природниот имунитет има и неколку предности
Антителата од претходната инфекција се разновидни и можат да го одбранат организмот од поширок спектар на вируси за разлика од оние кои ги произведува вакцината.
Природната инфекција исто така ја стимулира одбраната во носот и грлото – точно таму каде што е потребна за спречување на други инфекции, додека пак вакцината ги произведува антитела главно во крвта.
Фрагменти од вирусот исто така можат да останат во телото со седмици по инфекцијата, што на имунолошкиот систем му даваат повеќе време да научи да се бори против него, додека пак протеините кои ги носи вакцината брзо излегуваат од телото, пренесува „New York Times“.
Очигледно дека природниот имунитет нуди заштита барем неколку месеци. Но, уште еден непознат факт е колку добро природниот имунитет штити од новите варијанти на коронавирусот. Поголем дел од студиите кои го следат природниот имунитет се спроведени пред појавата на делта варијантата на вирусот.
„Пред многу месеци, пред делта варијантата постоеја аргументи зошто луѓето кои прележале Ковид-19 не сакаат да се вакцинираат“, изјавила Мандавили.
„Но, сега знаеме дека некои од луѓето немаат моќен одговор на инфекцијата. Очигледно не се толку отпорни на варијантите во однос на оригиналниот вирус. Исто така знаеме дека можат повторно да се заразат по одредено време.
Значи, поради сите тие причини за луѓето е важно да се вакцинираат. Поради своето, но и поради здравјето на другите“, заклучила Мандавили.
Извор: B92.net