Американската Централна разузнавачка агенција вчера објави многу податоци од местото каде Осама бин Ладен се криеше, а каде американските специјалци го пронајдоа и ликвидираа во 2011 година.

Податоците од личниот компјутер на Осама Бин Ладен, поранешниот лидер на Ал Каеда кој што беше ликвидиран во 2011-та година, и натаму ја интригираат светската јавност. Поради тоа, од ЦИА вчера објавија дека на неговиот компјутер биле пронајдени видеа, како и анимирани, холивудски, порнографски филмови и три документарни филмови за самиот него.

– Денешното објавување на писма, видеа, аудио снимки и други материјали на Ал Каеда овозможува увид во функционирањето и плановите на оваа терористичка организација, истакнал директорот на ЦИА Мајк Помпео.
Покрај некои ужасни снимки од убивање на затвореници, Бин Ладен на својот компјутер имал чудни комбинации од „Том и Џери“ до видеа за хеклање. Во компјутерот имал и холивудски филмови, а пронајдена е и снимка од интернет хитот „Чарли ме грижна на прст“.

https://www.youtube.com/watch?v=iwupPZs-wo4

Освен филмовите, американските разузнавачи на компјутерот пронашле и видео на кое што бил забележан секојдневниот живот на семејството на Бин Ладен. На снимката можат да се видат неговите деца кои што уживаат во слободата, додека нивниот татко во тие моменти е најбараниот терорист на светот.