Сите ние веројатно имаме еден дел на неандерталец во нашата ДНК, вклучувајќи ги и Африканците за кои се сметало дека немаат никаква генетска врска со изумрениот човечки род, покажало новото истражување.

Доказите дека нашите древни предци имале потомство со неандерталците првпат се појавиле во 2010-та година кога првиот геном секвенциран од коските на човечките предци кои живееле во камено доба во Европа пред околу 40.000 години.

Тогаш било откриено дека модерните Европјани, Азијци и Американци, но не и Африканци наследиле околу 2 проценти од генот на неандерталците со кои нашите предци се мешале откако се иселиле од Африка.

Човечката потсвест е посложена отколку што мислите

Меѓутоа, научниите од институтот веруваат во тоа , врз основа на истражувачкиот метод, односно дека Африкнците имаат ДНК и неандерталците и дека раната човечка потствест е посложена отколку што мислиме, пренесуваат од Си-ен-ен.

„Ова е првпат да може да откриеме знаци на неандерталски предци кај Африканците“ – вели Лу Чен, научник од Институтот LSI и соработник во истражувањето објавено во списанието „Cell“.

„Нашите резултати покажуваат дека таа потсвест била многу поинтересна од оваа денес бидејќи имало некаков вид на мешање на неандерталците кои се иселувале со модерниот човек“

Тој вели дека неговите податоци покажуваат дека многу од луѓето ја напуштиле Африка пред околу 20.000 години и дека таа група се мешала со неандерталци. Племето на древните Европјани потоа се вратило во Африка носејќи неандерталски корени кај африканското население.

„Изненадувачка сличност“

Според техничките ограничувања и претпоставки дека неандерталците и африканското населени географски биле одвоени, довеле до “слепи точки“ на тоа поле.

Исто така се утврдило дека источните Азијци би можеле да имаат 20 отсто повеќе неандерталски корени од Европјаните.

Извор: Srbija Danas