Компанијата VIVO објави специјална верзија на водечкиот паметен телефон X20, дизајниран во чест на претстојното Светско првенство кое ќе се одржи во 2018 година во Русија. Уредот доби ексклузивен дизајн и ќе биде издаден во ограничено издание. Vivo исто така е официјален спонзор на Светското првенство.

За разлика од оригиналниот Vivo X20, специјалната верзија го има логото на ФИФА на задниот панел. Во моментов, паметниот телефон е достапен само во црна верзија.

Да потсетиме дека Vivo X20 е со 6-инчен AMOLED дисплеј со резолуција 2160х1080 пиксели, 8-јадрен Snapdragon 660 процесор, кој работи на фреквенција од 2,2 GHz, 4 GB RAM меморија и 64 GB внатрешна меморија.