Samsung подготвува уште еден Unpacked настан, а јужнокорејската компанија објави дека Unpacked Part 2 презентацијата ќе се одржи на 20 октомври.
Компанијата не даде премногу индикации за тоа што би можело да биде претставено во текот на овој настан, но вети дека ќе понуди повеќе начини за „самоизразување преку технологија“. Тизерот за настанот ги покажува иконите за Samsung апликациите (како што се Health и SmartThings) во пастелни кутии.
Ни гласините од претходно не ни помагаат премногу да одгатнеме што не очекува во текот на следниот Unpacked настан. Доста претходно се споменуваше Galaxy S21 FE, но на крајот стана неизвесно дали овој теелфон ќе биде објавен во текот на 2021. година и дали воопшто ќе биде претставен.
Samsung би можел да се фокусира на софтверот и своите услуги, а ова би можела да биде и прилика компанијата да ни понуди увид во измените на One UI корисничкиот интерфејс.