Македонската ИТ компанија BtoBet и еден од лидерите во светската “iGaming” индустрија е меѓу главните спонзори на најголемиот онлајн саем за вработување во регионот. Виртуелниот саем кој оваа година ќе се одржи по дванаесетти пат, од 13 до 20 октомври, е во организација на водечките портали за вработување на Северна Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска и Словенија. На него, BtoBet преку виртуелен штанд на интерактивната платформа ќе ја претстави својата бенефициска програма, отворените работни позиции, информации за процесот на вработување, искуства од своите вработени, а заинтересираните ќе имаат можност и директно да поразговараат со претставници на тимот на компанијата.

Во своите канцеларии во Скопје, Битола и Охрид, но и надвор од границите на Северна Македонија, компанијата е посветена на континуирано регрутирање на квалификувани кадри кои сакаат да работат во стимулирачка работна средина и да бидат дел од тим кој бележи извонредни резултати и светски успех во висококонкурентната “iGaming” средина.

На саемот, заинтересираните ИТ професионалци и млади таленти кои сакаат да работат на напредни технологии и настојуваат постојано да се надградуваат и да ги развиваат своите вештини, ќе имаат можност на едно место да се информираат за различните работни позиции и да ја изберат онаа која е најсоодветна за нив и нивниот професионален развој.

За разлика од традиционалните саеми за вработување, виртуелниот саем може да се посети од било каде и било кога. За учество на саемот не е потребна претходна регистрација, а посетата за сите корисници е целосно бесплатна.

Инаку, BtoBet е глобално распространета мултинационална компанија со над 120 вработени и еден од водечките провајдери на софтверски решенија за спортско обложување. Компанијата веќе седум години успешно соработува со голем број партнери и клиенти од целиот свет, обезбедувајќи за играчите на глобалната сцена уникатно корисничко искуство. Во 2020 година, BtoBet стана дел од реномираната групација која е водечки B2B провајдер на “iGaming” решенија во светот, Aspire Global.