Мобилната дивизија на компанијата Sony е прилично тивка откако Xperia 1 III моделот беше објавен во август – компанијата конечно го стави моделот Xperia 5 III  за продажба, а Xperia 10 III Lite беше објавен во Јапонија.

Сега за 26. октомври е најавено претставување на новиот производ. Се очекува објава на нов смартфон, со оглед на тоа што во промотивниот тизер на повеќе места се споменува Xperia брендирање.

Останува прашањето кој уред ќе биде претставен. За Mark IV телефоните се уште е рано, Qualcomm допрва треба да објави нов Snapdragon чипсет, а Mark III серијата неодамна се појави на пазарот. Можно е да се работи за нов смартфон од средниот сегмент.

Во текот на претходниот период, немаше гласини за претстојниот Sony Xperia телефон, така што за неколку недели ќе дознаеме за каков уред конкретно станува збор.