Европскиот парламент усвои резолуција со која се повикуваат земјите-членки да воведат нови правила во областа на транспортот
Правилата главно се насочени кон намалување на бројот на несреќи, како и смртни случаи во сообраќајни незгоди. Еден од предлозите е да се воведе максимална брзина од 30 km/h во населените места низ ЕУ. Нешто слично веќе заживеа во многу мал број градови на територијата на ЕУ, а неодамна и во Париз.
Покрај тоа, европските парламентарци бараат да се воспостават законски рамки за воведување на таканаречен „безбеден режим“ за мобилни телефони што би се користел додека возачот вози. Дополнително, тие предлагаат воведување на посебни даночни олеснувања за купувачите на „особено безбедни автомобили“, иако никаде не е дефинирано што сметаат пратениците под тој опис.
Членовите на Европскиот парламент ги критикуваа институциите на ЕУ за бавното намалување на бројот на смртни случаи во сообраќајни несреќи низ Стариот континент. Планирано е тој број да се намали за 50% во периодот од 2010 до 2020 година, но тоа не е постигнато (намалувањето било 36%).
ЕУ планира да 2050 година да достигне „нула стапка на несреќи кои ќе резултираат со смрт на луѓе“, и иако нема сомневање дека ова е благороден потфат, веројатно нема да биде целосно остварлив.
Европратениците ја повикуваат Европската комисија да се справи со проблемот со електрични скутери и други уреди во областа на микро-мобилноста и да ја регулира нивната употреба на ниво на целата Унија, бидејќи сегашните регулативи на земјите се многу разновидни и збунувачки за населението при преселба од една во друга земја.