Веќе знаеме дека Honor планира враќање во Европа, а за 26. октомври е планирана објавата на моделот Honor 50. Сега сајтот WinFuture објави детали за цената на овој смартфон.
Според наводите, основниот модел со 6GB RAM и 128GB простор за складирање ќе има цена од 499 евра, додека 8GB / 256GB варијантата би требало да чини 599 евра. Не се споменува дали Honor 50 Pro ќе му се приклучи на стандардниот модел во текот на оваа објава.
Honor 50 го краси 6,57-инчен OLED екран, со брзина на освежување од 120Hz. Има респектабилен систем за камери, со 108MP главна камера која има 1 / 1,52-инчен сензор од и 9-во-1 спојување на пиксели. Дополнителните сензори се 8MP ултра-широк и два 2MP модулa (макро и сензор за длабочина).
Она што ќе биде значајно за корисниците во Европа е дека Honor 50 доаѓа со поддршка за Google Play Services. Останатите карактеристики вклучуваат поддршка за брзо полнење од 66W, сензор за отпечатоци во екранот и друго.