Откако ќе го инсталирате iOS 15, услугата Find My ќе го пронајде вашиот уред дури иако се исклучи во меѓувреме.
Со појавата на iOS 15, апликацијата Find My стана многу корисна бидејќи може да го лоцирате вашиот телефон дури и кога е исклучен.
Моделите кои го поддржуваат ова се: iPhone 11, iPhone 11 Pro, iPhone 11 Pro Max, iPhone 12/iPhone 12 Mini, iPhone 12 Pro/iPhone 12 Pro Max, iPhone 13/iPhone 13 Mini и iPhone 13 Pro и Pro Max.
Како да ја активирате апликацијта Find My?
Ако сте нов корисник на iPhone и никогаш не сте ја користеле оваа апликација, влезете во опциите и кликнете на вашето име, потоа изберете ја опцијата Find My, a потоа и Find My iPhone.
Вклучете ја опцијата Find My iPhone, како и опцијата Find My Network која ќе овозможи барање на уредот дури и кога е исклучен. Со активирање на Send Last Location вашиот телефон ќе ви ја прати вашата задна локација и ќе знаете каде се наоѓал кога батеријата му била при крај.
По активирање на овие опции, може да го барате вашиот iPhone преку апликацијата Find My на Mac или на кој било пребарувач со влез на iCloud.com/find.
Извор: B92.net