Немавме премногу информации за претстојниот Honor X20 Max телефон. Претходните гласини споменуваа дека уредот ќе го покренува Mediatek Dimensity 1100 чип, со 6000mAh батерија и 7,2-инчен дисплеј.
Сепак, изгледа дека на остататокот од спецификациите на смартфонот нема да мораме да чекаме уште долго, бидејќи Honor X20 Max ќе биде официјално објавен во текот на месецот.
Извештајот на Weibo страниците сугерира дека заедно со X20 Max ќе пристигне и Watch GS3 паметниот часовник.
Судејќи според се, Honor се подготвува за Chinese Singles’ Day (познат и како iDouble 11), кој е неофицијален шопинг празник и се одржува на 11. ноември.
Поврзани артикли