Honor Magic V ќе биде претставен на 10. јануари во Кина. Настанот ќе биде достапен за онлајн стриминг, по шро навреме ќе ве информираме за сите детали кои ќе бидат објавени.

Флекисбилниот смартфон на Honor ќе се преклопува хоризонтално, слично како Galaxy Z Fold3. Од промо фотографијата можеме да видиме дека екранот на капакот ќе има отвор за селфи камера, додека главната камера ќе има три единици на задната страна. Има и двоен LED блиц и сензори за светлост и PDAF.

Официјално е потврдено дека Honor Magic V е првиот преклопен уред со Snapdragon 8 Gen 1, што го прави првиот вистински флегшип модел во 2022 година за независен бренд. Гласините споменуваат и брзо полнење од 66W и Android 12 од самиот старт. Honor сè уште не го спомнува GMS, бидејќи настанот е во Кина, но доколку Magic V стигне до светските пазари, несомнено ќе ги поддржува услугите на Google.