Huawei го претстави својот прв 16-инчен лаптоп во Кина во текот на мај, а Huawei MateBook 16 сега пристигнува на пазарите во Европа.
Huawei MateBook 16 користи 16-инчен IPS LCD екран со резолуција 2520 x 1680p (189 ppi). Панелот ветува контраст 1500:1 и максимално осветлување од 300 нита. Екранот поддржува HDR и покрива 100% од sRGB спектарот на бои.
Лаптопот го покренуваат AMD Ryzen 5000 APU (Ryzen 5 5600H и Ryzen 7 5800H), со шест и осум јадра. Со процесорите е достапно 16GB DDR4 RAM меморија и 512GB NVMe SSD. Уредот го напојува 84Wh батерија, која е способна за репродукција со 12,5 часа видео. Тука е и 135W полнач, кој користи USB-C порт.
APU го разладуваат два вентилатора, а системот се состои од две спроводливи топлински цевки од 2 мм, кои се поврзани со топлинскиот проводник преку дизајн на „перка од ајкула“ и два вентилатора од 75 мм.
Опциите на конекција вклучуваат два USB-C порта, два USB-A 3.2 Gen1 приклучока, HDMI порт и 3.5mm влез. Лаптопот има и стерео звучници (2x 2W), како и два вградени микрофони. Безжичната врска е поддржана од Wi-Fi 6 (ax) и Bluetooth 5.1. Сензорот за отпечатоци од прст е вграден во копчето за вклучување.
Matebook 16 користи тастатура без нумерички дел, а под неа е сместен голем тач пад. Лаптопот е тенок 17,8 мм и тежок е 1,99 килограми. Екстериерот е во Space Grey боја.
Huawei MateBook 16 во Европа ќе чини 1100 евра за Ryzen 5 5600H верзијата и 1200 евра за Ryzen 7 5800H варијантата.