Европската агенција за лекови (ЕМА) соопшти дека третата, бустер доза на вакцината на Pfizer може да се даде најмалку шест месеци по втората доза, за лица од 18 до 55 години.
Податоците покажуваат зголемување на нивото на антитела кога третата доза се дава приближно 6 месеци по втората.
Од ЕМА велат дека дополнителна доза на вакцината на Pfizer и Moderna може да се даде на луѓе со сериозно ослабен имунолошки систем, најмалку 28 дена по втората доза.
„Ризикот од воспалителни процеси на срцето и други ретки несакани нуспојави по третата доза не се познати и ситуацијата внимателно се следи“, стои во заклучокот на Агенцијата.
Официјални препораки за трета доза може да се издадат на националнo ниво според податоците на ефикасност.