WhatsApp им овозможува на корисниците да испраќаат гласовни пораки едни на други. Ова е корисно ако не сакате да пишувате долги пораки или сте загрижени дека тонот на вашата порака ќе се изгуби ако се испрати во текстуална форма. Сепак, лоша страна е што не можете да го напуштите разговорот додека се пушта пораката, во спротиувнио пораката ќе биде прекината и ќе морате повторно да ја слушате.
Новиот извештај откри дека WhatsApp тестира нова функција во облик на глобален плеер за гласовни пораки. Тоа значи дека гласовната порака ќе продолжи да се репродуцира дури и кога ќе излезете од модот за преслушување.
Се чини дека контролите за оваа опција се поставени на врвот на апликацијата, каде што корисниците ќе можат да ја паузираат / пуштаат гласовната порака кога сакаат и како што сакаат.
За оние кои често користат гласовни пораки, ова би можела да биде корисна функција. Моментано е во бета верзија и не е познато дали конечниот формат ќе биде ист или WhatsApp би можел да имплементира некои промени.