Веќе знаеме дека OnePlus оваа година нема да ја објави OnePlus 9T серијата телефони. Наместио тоа, компанијата ќе претстави нов модел, познат како OnePlus 9 RT, а се очекува подоцна во текот на овој месец.
Пред оваа објава, OnePlus 9 RT е наведен забележан на Geekbench, со ознака на модел MT2110. Листингот открива дека телефонот ќе го покренува премиум Snapdragon 888 чипсетот. Истиот листинг открива и поддршка за 12GB меморија, а се очекуваат и други опции, како што е 8GB RAM варијантата.
OnePlus 9 RT би требало да има 6.55-инчен FHD+ AMOLED дисплеј, со 120Hz стапка на освежување, како и 4500mAh батерија со поддршка за 65W брзо полнење. Се очекува дека телефонот ќе биде првиот OnePlus модел кој ќе биде испорачан со OxygenOS 12, заснован на Android 12.