OnePlus 9 и OnePlus 9 Pro го отфрлаат HydrogenOS и преминуваат на ColorOS, што претставниците на компанијата го потврдија неколку пати. Сега официјалниот ColorOS профил на Weibo страниците објави дека е достапна јавна бета верзија, а корисниците на OnePlus и Oppo телефоните можат да се пријават за тестирање.
Оваа бета стигнува по затворената бета, одржана во средината на септември. Во прилог на премиум телефоните OnePlus, моделите Oppo Find X3 и Oppo Find X3 Pro исто така можат да учествуваат во бета верзијата, и сите добиваат различни верзии на платформата ColorOS 12.
OnePlus 9 и OnePlus 9 Pro ја добиваат А.11 верзијата, додека Find X3 Pro (како и прилагодениот Mars Exploration модел) ја добиваат А.27 верзијата на софтверот.
Некои од новите функции кои пристигнуваат на овие телефони вклучуваат Quick Glance картички со информации за статусот за другите уреди во екосистемот, подобрен Smart Sidebar која учи врз основа на навиките на корисниците, а тука се и некои интерни оптимизации што ја подобруваат употребата на RAM меморијата и батеријата.