По неколку неофицијални видеа, Nintendo сега и официјално објави видео од распакувањето на новиот Switch модел, кој како главна предност со себе го носи OLED екранот.
Во видеото е прикажано што купувачите можат да очекуваат кога ќе го купат OLED моделот од 8 октомври, истиот датум кога се појави и Metroid Dread. Како и кај секое unboxing видео, и во ова се гледа што доаѓа во кутијата со Switch конзолата, а во овој случај бели joy-con контролери, сталак, док и потребни кабли, наведува play.co.rs.
Switch OLED нема никакви значајни промени во погледот на хардверот. Во споредба со претходните модели, поседува поширок седмоинчен екран и неколку помали додатоци како некои нови докинг станици и подобрен звук.