Новиот Pro Evolution Soccer, кој од оваа година се вика e-Football моментално ја понесе титулата за една од најлошите игри во историјата.

Покрај ова име се случиле и многу други промени во гејмплејот, но прво што паѓа в очи е очајната графика.

Па така, двајцата најпознати фудбалери на светот, Лионел Меси и Кристијано Роналдо се речиси непрепознатливи. Да биде ситуацијата уште полоша, Меси е заштитно лице на играта.

На социјалните мрежи луѓето се прашуваат дали е можно ова што се случува и кој е тој што дал дозвола за оваа игра.

Но, покрај графиката, e-Football е преполн со “багови” и “гличеви” односно играчите трчаат со “скршени” раце.

Воедно, e-Football 2022 стана најлошо оценета игра во историјата на компјутерската платформа Steam.