Се појави видео, кое на тестот на брзина ги споредува iPhone 13 Pro Max и Galaxy S21 Ultra телефоните. Во почетните делови на тестирањето, двата смартфона стојат рамо до рамо кога станува збор за брзината.
Меѓутоа, кога станува збор за вчитување на игри, iPhone 13 Pro Max е јасен победник. Се разбира, од моментот кога ќе оствари предност во текот на вчитувањето игри, iPhone ја задржува пред својот конкурент до крајот на тестот и на крајот излегува како победник во оваа пресметка на брзините.
Вкупната разлика помеѓу двата телефони е околу седум секунди. Во задачите кои повеќе се базирани на процесирање, iPhone е во предност, додека во тестовите за управување со RAM меморијата, двата уреда се подеднакви во повторниот пристап до претходно отворените апликации.