Концернот на воздухопловно-космичката одбрана „Алмаз-Антеј“ работи на хибриден автомобил за цивилна употреба.
Работниот назив на новиот проект е E-NEVA. Првата буква Е е кратенка од electric (електричен), а NEVA (Нева) е името на најголемата река во Санкт Петербург. Ова за порталот РБК го соопштија три извори кои се запознаени со работата на концернот.
Планирано е да се направат два комплети погонски системи. Првиот ќе биде автомобил на гас со електричен менувач, кој ќе може да помине преку илјада километри со еден резервоар, а вториот „електрогасомобил“ со резервоар од 52 литри гас и акумулатор од 70 киловати, што е доволно автомобилот да помине 810 километри, со можност за полнење на акумулаторот од електричната мрежа. И двете варијанти ќе можат да развијат брзина од 100 км/ч за 8,5 секунди, а нивната максимална предвидена брзина е 180 км/ч.
„Веќе имаме електромобил, и тој функционира, но решивме да направиме хибрид во кој главниот мотор е на гас, а енергијата што се ослободува за време на возењето ќе се акумулира, така што електричниот погон ќе биде помошен извор на енергија, доволен за одреден број километри. Хибридот со еден акумулатор ќе може да помине преку 500 километри“, изјави Александар Ведров, заменик-генерален директор за производствено-технолошка политика на концернот „Алмаз-Антеј“.
Според него, таквата комбинација (електричен и гасен мотор) е предвидена само за цивилна употреба, бидејќи „војската по правило не користи возила со погон на гас“.
Извор: Russia Beyond
Поврзани артикли