Лигата на шампиони дојде до четвртфиналната фаза. Осум екипи останаа во трката за најпрестижниот трофеј во клупскиот фудбал.

Суперкомпјутерот одреди кој Манчестер сити, Арсенал, Реал, Барселона, Атлетико Мадрид, ПСЖ, Баерн Минхен и Борусија Дортмунд има најголеми шанси да стане шампион на крајот од сезоната.

Прв фаворит е Манчестер Сити.

Откако заврши првиот дел од Лигата на шампионите и пред да започне нокаут фазата од натпреварувањето, суперкомпјутерот го симулираше исходот од натпреварувањето и потоа предвиде дека победник ќе биде Арсенал. Тогаш Суперкомпкутерот му даде 22 отсто од шансите на Арсенал дека ќе ја освои титулата. Актуелниот шампион Манчестер сити во таа прогноза доби 20 отсто.

Сега ситуацијата е поинаква.

Манчестер сити го победи Копенхаген и тимот на Пеп Гвардиола со вкупни 6:2 во двата осминафинални натпревари и сега е најголем фаворит за титулата. Суперкомпјутерот на му дава 32,30 отсто шанси да ја одбрани титулата од минатата година.

Во меѓувреме, Арсенал падна на третото место (13,09%), а Реал Мадрид од четвртото место во последното предвидување скокна на второто (16,87%).

Следуваат ПСЖ (11,80%), Баерн Минхен (10,75%), Борусија Дортмунд (5,62%), Барселона (5,38%) и Атлетико Мадрид (4,19 %).