Моментно, сите iPad модели на Apple се дизајнирани да делува дека стандардната положба за користење на таблет уредите е портрет режимот. Ова може да се заклучи и врз основа на положбата на камерите и логото на Apple. Меѓутоа, тоа може да се промени кај идниот iPad Pro модел.
Дојавувачот@dylandkt тврди дека во идната верзија, дизајнот на iPad Pro ќе има поинаков распоред за камерите и логото, кои ќе бидат поставени хоризонтално. Не е споменато кога идните iPad Pro модели ќе го добијат овој редизајн.
Засега не е позната причината за преместување на споменатите елементи, но можно е дека Apple сака таблет уредот повеќе да се користи како потенцијален лаптоп, па хоризонталното поставување на камерите и лого би имало повеќе смисла во текот на употребата.
Нема информации за тоа кога iPad Pro ќе го имплементира редизајнот. Таблетот доби поинаков дизајн пред неколку години и оттогаш го покрена актуелниот дизајнерски израз со рамни рабови.