Samsung продолжува да ги поместува границите на мобилните сензори за фотографирање и снимање видео со својот 200MP ISOCELL HP1 сензор. Овој сензор се уште не пристигна на хардверот во малопродажба, но сега јужнокорејската компанија објави повеќе детали и видео за она што можеме да го очекуваме.
ISOCELL HP1 може да функционра како неколку различни сензори, благодарение на deep learning алгоритмот. Може да формира 2×2 спојување на пиксели, што резултира со 50MP резолуција и ефективна големина на пиксели од 1.28 µm. Во овој мод може да снима 8К видео (@30 fps), додека полето на преглед се намалува што е можно помалку.
Уште еден режим се овозможува преку 4×4 спојување на пиксели, односно 16 сензор пиксели се користат за креирање на еден пиксел за слика. Ова резултира со 12.5 резолуција со 2.56 µm пиксели, што е повеќе од поголемиот број сензори на пазарот. Одличната способност на примање светло е подобрена со системите како што се Smart-ISO Pro, Staggered HDR и друго. Покрај тоа, ISOCELL HP1 поддржува и multisampling, има Double Super PD и друго
Samsung не објави кога ќе ги видме првите телефони со ISOCELL HP1 сензор. Гласините од претходно сугерираа дека Xiaomi прв ќе го користи 200MP сензор на Samsung.
Поврзани артикли