Во текот на неодамнешниот настан на Apple не добивме информации за новите MacBook Pro и AirPods 3 уреди. Меѓутоа, според наводите на Bloomberg, овие уреди и натаму се очекуваат пред крајот на оваа година. Од друга страна, новите iPad Pro и AirPods Pro модели ќе се појават во текот на 2022. година.
Марк Гурман од Bloomberg очекува дека надградените MacBook Pro лаптопи ќе имаат поголеми екрани, од 14 и 16 инчи. Ова ќе бидат први лаптопи на Apple со mini LED дисплеи и ќе го користат M1X чипсетот на компанијата.
Од друга страна, според претходните информации, AirPods 3 слушалките веќе влегле во масовно производствo. TWS слушалките би можеле да ги имплементираат AWC и просторниот звук, иако за ова постојат контрадикторни извештаи. Дизајнот би требало да вклучува пократки дршки во однос на втората генерација, а новите функции ќе влијаат на мало зголемување на цената.
Гурман споменува дека некои од идните предвидувања на уредите на Apple вклучуваат и флексибилен iPhone и AR очила (во следните две до четири години). Очилата со проширена реалност и лимитирани функции може да се појават следната година.