Целосно електричниот авион на компанијата Rolls-Royce го изведе својот прв пробен лет.
Авионот наречен „Spirit of Innovation“ помина 15 минути во лет, означувајќи го „почетокот на интензивната фаза на тестирање во која ќе се соберат вредни податоци за перформансите на електричниот систем и погонот на авионот“.
Станува збор за едносед кој има „најгуст батериски пакет некогаш составен за авион“. Авионот користи батерија од 6.000 ќелии, а погонот со три мотори во моментов испорачува 400 kW, или повеќе од 536 KS. Максималната брзина на авионот е малку повисока од 480 km/h.
Пробниот лет беше изведен една година по првичниот план, а Rolls-Royce заедно со компанијата Tecnam моментално развива летечко такси со цел да стави на пазарот „целосно електричен авион“. Rolls-Royce претходно соработуваше со Siemens и Airbus за поинаков концепт на електричен авион.
Компаниите со години ги истражуваат можностите за електрични авиони, бидејќи патничките и товарните авиони го зголемуваат количеството на стакленички гасови.
Проблемот е секогаш во тежината, бидејќи дури и целосно електричниот пикап Lightning на Ford тежи повеќе од 816 килограми во споредба со моделот со конвенционален погон. Ако таа тежина се додаде на Cessna 206 Turbo Stationair, тогаш неговата носивост е надмината за 227 kg и тоа без пилотите и патниците да се во авионот, така што авионот не би можел ниту да полета.
Сепак, целта на проектот е со текот на времето сите патнички авиони да бидат електрични.
Извор: Klix.ba