Пазарот на Android таблети доживува своевидна ренесанса, а Samsung е еден од производители кои константно испорачуваат различни линии таблет уреди. Новиот модел од средниот сегмент под името Galaxy Tab A8 2021 е наводно во подготовка, а сега ги имаме и првите рендеи благодарение на дојавувачот @OnLeaks и сајтот 91Mobiles.

Galaxy Tab A8 2021 ќе го наследи минатогодишниот Galaxy Tab A7 10.4 модел и ќе го задржи 10,4-инчниот LCD екран со FHD+ резолуција. Куќиштето е најверојатно креирано од алуминиум, а димензиите се 246,7 x 161,8 x 6,9 мм. На задната страна се наоѓа една камера од 8MP.

Galaxy Tab A8 2021 ќе има четири звучника, приклучок за слушалки, USB-C порт и ќе биде достапен во Wi-Fi only и LTE верзии. Остатокот од спецификациите на таблетот се очекуваат во претстојниот период.