Начинот на кој функционира Apple е прво да претстави нова функција на своите премиум iPhone модели, а потоа таа функција да ја прошири на комплетната линија следната година. Ова веќе се случи со OIS поддршката за камерите на iPhone и употребата на OLED дисплеи.

Сепак, се чини дека Apple нема да ја примени оваа тактика и во случајот на ProMotion 120Hz екраните. Според наводите од Јужна Кореја, сите модели на iPhone во 2022 нема да имаат дисплеј со освежување од 120Hz, што Apple го имплементираше кај iPhone 13 Pro моделите оваа година.

TheElec тврди дека од четирите iPhone 14 модели кои се очекуваат следната година, Apple веројатно и натаму ќе го користи LTPS OLED дисплеј за еден од нив, наместо LTPO потребен за високи стапки на освежување. Можно е LTPS дисплејот да биде резервиран за најслабиот iPhone во линијата.

Интересно е дека во извештајот се споменува дека и следната година ќе постојат четири модели на iPhone. Претходните гласини сугерираа дека оваа година ќе биде последна во која ќе постои iPhone mini, па останува да видиме какви конкретни планови има Apple.