Кога Apple ја претстави iPhone 13 линијата, компанијата објави и дека телефоните ги покренува новиот A15 Bionic чипсет. Компанијата тврди дека чипсетот е 50 процент побрз од водечката конкуренција, а сега бенчмарк тестовите тоа и го потврдуваат.

Според неодамна наведениот Geekbench бенчмарк, iPhone 13 GPU dobi Metal резултат од 14.216 поени. Само за споредба, A14 Bionic на iPhone 12 Pro моделот минатата година во истиот бенчмарк оствари 9123 поени.

Потребно е да се истакне дека овој бенчмарк конкретно бил за iPhone 13 Pro моделот. Иако Apple го користи истиот A15 Bionic чип за комплетната iPhone 13 линија, моделите без Pro во името имаат нешто поинаков GPU со четири јадра, додека iPhone 13 Pro и Pro Max модели користат графички процесори со пет јадра.

Останува да се види како на бенчмарк тестовите се снаоѓаат GPU моделите со четири јадра. Секако се очекуваат подобрувања во однос на претходната линија, само прашање во кој однос наспроти она што го нудат iPhone Pro и Pro Max моделите.